ObscuraCam: The Privacy Camera


Анонимност на слика: Фотографирај и заматувај идентитети со оваа апл. за камера

Во свет од вирални видеа и фациално препознавање, ObscuraCam ви помага во споделувањето на слики и видеа чувајќи ја вашата приватност и на оние за кои се грижите. Со ObscuraCam што во превод значи Нејасна камера можете да заматите и маскирате лицата во вашите фотографии и видеа. Информациите кои можат да ве идентификуваат се избришани од датотеките за дополнителна безбедност

  • ПРИВАТНОСТ ЗА ВАШИТЕ СЛИКИ: ObscuraCam може да биде користена за фотографирање, како и за анонимизирање на веќе направените фотографии и видеа

  • МАСКИРАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ: Прекрите ги лицата со пиксели, уредување (затемнување) или со смешен нос и очила

  • АВТОМАТСКА ДЕТЕКЦИЈА НА ЛИЦЕ: ObscuraCam автоматски детектира лица во фотографиите и видеата, така што можете брзо и лесно да анонимизирате гужва/толпа од луѓе во долго видео

  • ПОВЕЌЕ НАЧИНИ НА ПРИВАТНОСТ: Лицата можат да бидат пикселизирани, избришани комплетно, или маскирани со смешен нос и очила. Исто така можете да ја заматите цела слика освен делот кој ви е потребен

  • СПОДЕЛИ БЕЗБЕДНО: Целосните мета-податоци кои се зачувуваат во фотографиите вклучувајќи ја и GPS локацијата како и производителот и моделот на мобилниот телефон автоматски се бришат со што можете да зачувате заштитена верзија на фотографија во галеријата на телефонот, или да ја споделите директно на Фејсбук, Твитер или било која друга апликација која ја има опцијата „Сподели“

  • ГО ЗАШТИТУВА ИДЕНТИТЕТОТ НА ФОТОГРАФОТ: Паметните телефони додаваат информации за секоја фотографија која ја фотографираат, вклучувајќи и тоа каде е направена, и моделот на камера со кој е направена. ObscuraCam ги брише сите тие информации

  • ДОБИЕНИ-НАГРАДИ: ObscuraCam беше победник на 2013 Knight News Challenge

Научи повеќе

  • ПАРТНЕРСТВА: ObscuraCam е во партнерство помеѓу безбедносни експерти во Guardian Project и WITNESS.org, е непрофитна која користејќи ги моќта на видеото и раскажувањето на сторија е со цел да му ги отвори очите на светот за злоупотребите на човековите права

  • ВЕБ СТРАНА: https://GuardianProject.info

  • ЗА WITNESS: Во превод значи СВЕДОК. Непрофитна која користејќи ги моќта на видеото и раскажувањето на сторија е со цел да му ги отвори очите на светот за злоупотребите на човековите права

  • ВЕБ СТРАНА НА WITNESS: http://witness.org

  • ТВИТЕР: https://twitter.com/guardianproject & https://twitter.com/witnessorg

  • ОТВОРЕН-КОД: ObscuraCam е слободен софтвер. Можете да го погледнете нашиот изворен код, или да се приклучите во нашата заедница да помогнете ObscuraCam да ја направите уште подобра: https://github.com/guardianproject/ObscuraCam

  • КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ: Дали ни недостастува некоја ваша омилена карактеристика? Пронајдовте досадна грешка? Ве молиме кажете ни! Сакаме да слушнеме од вас. Пратете ни е-пошта на: support@guardianproject.info

детекција на лице, заматување, пикселизирање, човекови права, активизам, орбот, тор, приватност, нејасно, приватна камера, камера, уредувач на слики, журналист, журнализам, фотошоп, видео, видео уредување, мозаик, анонимност

Get it on F-Droid Get it on Google Play