PixelKnot: Hidden Messages


Have a secret that you want to share? Why not hide it in a picture?

Имате тајна која сакате да ја споделите? Зошто да не ја сокриете во слика? Со PixelKnot, само вашите пријатели со тајна лозинка ќе можат да ја отклучат вашата специјална порака. Секој друг ќе види само убава слика. Забавен и лесен начин за споделување тајни пораки без ничие знаење. Земете ги тие пиксели, заврзете ги во јазол и погледнете сами!

Оваа апликација за стеганографија на слика ја карактеризира:

  • МАСКИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПОРАКИ: Сликите се јавни, текстот е сокриен внатре. Дури и искусно око ќе мисли дека сликата е непроменета.
  • САМО ЗА ВАШИТЕ ОЧИ: Внесете лозинка на сокриената порака да бидете сигурни дека никој не може да ја прочита освен личноста за која е наменета.
  • МАТЕМАТИЧКИ БЕЗБЕДНО: Користен е стеганограмски алгоритам F5 која имплементира матрица на кодирање за подобрување на ефикасноста на вградување и ангажирање на пермутативното сврзување за подеднакво да ги шири промените низ целиот стеганограм.
  • ОТПОРЕН НА НАПАД: Тестиран против откривање на слики со пораки сокриени во нив преку користење на специјализирана верзија на Stegdetect, автоматизирана алатка за детекција на стеганографска содржина во сликите.
  • БЕЗ-РЕКЛАМИ: Ја сакаме твојата љубов, не твоите пари.
  • ГО ЗБОРУВАМЕ ТВОЈОТ ЈАЗИК: PixelKnot е достапен за пријатели кои зборуваат многу јазици. Не го гледаш твојот јазик? Приклучи се и помогни за превод на аппликацијата: https://hosted.weblate.org/projects/guardianproject

Изданието на PixelKnot го карактеризира подобрено корисничко искуство:

  • ПОЛЕСНО СПОДЕЛУВАЊЕ: Сега е полесно споделувањето на PixelKnot сликите со апликациите кои вие и вашите пријатели вообичаено ги користите. Имајте во предвид дека не сите споделувачки сервиси можат да се користат со PixelKnot бидејќи тие ги модификуваат (оптимизираат) вашите слките пред да ги постираат на нивната платформа. PixelKnot предлага да се користат аппликации за кои се знае дека споделуваат правилно, но можете да одберете и ваша апликација.
  • ЕДНОСТАВНО ПРАЌАЊЕ / ПРИМАЊЕ: Сакате да пратите порака? Отворете ја PixelKnot апликацијата директно, и PixelKnot ќе ве води низ процесот. Примање на споделена стеганографкса слика? Користете ја вашата апликација за примање за да споделите слика со PixelKnot - PixelKnot ќе се погрижи пораката да се отвори автоматски.
  • НОВ СЕЛЕКТОР НА СЛИКИ: Можете да ја користите камерата да направите нова фотографија или да одберете некоја од фотографиите кои претходно сте ги направиле. Новиот селектор ги подржува стандардните папки со слики и дозволува да одберете различни галерии ако ви е потребно (на пример како “приватна” галерија/албум креиран со конкретна апликација за камерата).
  • ИСПРАТИ ЛИСТА НА ЧЕКАЊЕ: PixelKnot овозможува да направите листа на слики кои чекаат да бидат процесирани, наместо да ве приморува да чекате енкрипцијата на пораката да заврши (зависно од големината на вашата слика и должината на вашиот текст, ова може да заземе подолго време).[b]

НАША ВЕБ СТРАНА: https://guardianproject.info

НА TWITTER: https://twitter.com/guardianproject

ИЗВОРЕН-КОД: PixelKnot е слободен софтвер. Можете да го погледнете нашиот изворен код, или да се приклучите кон нашата заедница да помогнете да го направиме подобар: https://github.com/guardianproject/pixelknot

Одрекување од одговорност Guardian Project создава апликации кои се дизјанирани за заштита на вашата безбедност и анонимност. Протоколите кои ги користиме на широко се сметаат за последен крик во безбедносната технологија. Додека ние континуирано го ажурираме нашиот софтвер да се бори против најновите закани или ги отстрануваме грешките, ниту една технологија не е 100% непробивна. За максимална безбедност и анонимност корисниците мораат да ги користат најдобрите практики да се заштитат себеси. PixelKnot е сеуште експриментална апликација и не треба да се користи во реални сценарија. Добар водич за овие теми можете најдете на: https://securityinabox.org

Get it on F-Droid Get it on Google Play